Ова е форум каде што можете да најдете новости и се за глумците.Дoбредојдовте и забавувајте се!
 
HomeCalendarПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 biografija...

Go down 
АвторПорака
NeSe

avatar


ПишувањеПредмет: biografija...   Нед Мар 22, 2009 9:06 am


Луисана Лопилато (родена 18 мај 1987) е аргентинска глумица и пејачка.

Луисана Лопилато е родена во Буенос Аирес, Аргентина. Кариерата ја започнува во 1995 во детската серија „Дечиња“ (Chiquititas) во улогата на Луисана Маза. Во 2002 ја снима првата, а во 2003 втората сезона од добро познатата младинска серија „Млади бунтовници“ (Rebelde Way) во улогата на Миа Колучи. Тие две години ја оформува групата „Erreway“ заедно со своите колеги Камила Бордонаба, Бенхамин Рохас и Фелипе Коломбо. Во 2004 го снимаат филмот „Еревеј 4 патишта “ (Erreway 4 caminos) и истата година Луисана го напушта бендот. Тие прават кратка пауза, и во декември 2006, Камила, Фелипе и Бенхамин повторно ја оформуваат групата, но без Луисана. Тогаш таа започнува кариера како глумица и во 2005 ја снима серијата „Венчани, со деца“ (Casados con hijos) во улогата на Паола. Во 2006 ги снима сапуниците „El Capo“ (El Capo) во улогата на Орнела и „Пиратска душа“ (Alma Pirata) во улогата на Алегра, а за 2007 е најавено и снимање на анимираниот филм „Plumfieros“ во кој таа ќе го позајми својот глас за ликот Феифи. Најавено е и дека Луисана започнува соло-кариера како пејачка. Снимањето на нејзиниот албум треба да започне до крајот на 2007 година, а текстовите за сите песни ги напишала самата.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
biografija...
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
All for them :: Шпански глумици и пеачки :: Luisana Lopilato-
Отиди до: